Вистински хорор кај Ростуше - пронајдена мртва девојка во „Ауди“ потонато во реката Радика
Утринава околу 10 часот во водите на реката Радика, близу село Ростуше, бил пронајден автомобил „Ауди 4“ со скопски регистарски таблички, дознава Пресс24. Како што дознаваме, внатре во автомобилот била пронајдена мртва 24 годишната Нурана К. од Мала Речица.
Според досегашните информации, „Аудито“ излетало од патот Дебар - Маврово и завршило во водите на Радика.
09.08.2013 - 10:59