Македонците од Флорида: Никој не смее да ја оспорува и краде волјата на Македонците
Никој не смее да се дрзне да ја фалсификува, оспорува и краде волјата на македонскиот народ. Во Македонија одлучува само македонскиот народ и никој друг. Изборите во неделата беа најмирните, најфер и најдемократските избори досега, без ниту еден инцидент, велат од Здружението на граѓани Македонско сонце од Тампа, Флорида.
Секој обид да се оспорат е обид да се изигра волјата и одлуката на македонскиот народ. Победникот на изборите е јасен и народот недвосмислено се одлучи за ВМРО-ДПМНЕ, поразениот треба да им даде приоритет на државните интереси, да го прифати поразот и за добро на македонскиот народ да почне да делува како конструктивна опозиција. Македонскиот народ не смее да дозволи постизборен инжинеринг на својата изборна волја. Кој победил и кој ќе ја води Република Македонија одлучува само македонскиот граѓанин со заокружување на гласачкото ливче, а не членовите на ДИК со политички преговарања и договарања под маса. На аболицираниот криминалец Зоран Заев не смее да му се дозволи да ги погази гласовите на Македонците кои живеат во Македонија. Тој доби поддршка од 70.000 Албанци што јасно покажа кого поддржува мнозинството од македонскиот народ, велат Македонците од Тампа, Флорида.
Од Здружението апелираат да се почитува волјата на македонскиот народ, да се почитува суверенитетот и интегритетот на Македонија.
-На Македонија и е потребна Влада која јасно ќе ја изразува волјата на граѓаните, а не Влада која ќе биде по волја на некој од надвор, додаваат од Здружението на граѓани „Македонско сонце“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа