Македонската заедница во Виндзор Канада: Потребено ни е стабилна влада и лидер за државата да ни оди напред

 

Ви се обраќаме од името на македонската заедница во Виндзор, Канада на државниот вpв и на целата јавност, но пред се на сите граѓани на Република Македонија, независно од нивната партиска определба, статус и положба во општеството. Се обраќаме и во името на нашите роднини и пријатели во дијаспората на кои на 10 Декември им беше скратено правото да гласаат на предвремените  парламентарни  избори оо Република Македонија.

Недопустливо, недозволиво и срамно е на чесни луге да им биде одземено правото на глас. Сите ние бевме уредно пријавени, со валидни македонски биометриски пасоши и лични карти и со регулиран престој во Канада. За тие кои електронски се пријавија, добија повратна информација дека нивните пријави се обработени, прифатени и одобрени, а оние кои рачно пополнија и потпишаа пријава, добија и решенија лично потпишани од Претседателот на Државната изборна комисија Чичаковски дека ке може да гласаат на изборите.

Ја прашуваме целата јавност, сите државни институции кои бea службено ангажирани за спроведување на изборниот процес, но најповеќе од ce ja прашуваме Државната изборна комисија кој се дрзна да не избрише од Избирачкиот список? Кoj се осмели да ни го повреди законски загарантираното  право на глас?

Одредени политички партии плашејќи се од изборниот резултат решија дека најбезболниот начин да го претрпат поразот од дијаспората е да не ни дозволат да гласаме? Зошто никој не одговори досега на нашите реакции?

На нас ни е кристално јасна поентата на целата театарска претстава која ја изрежира Државната изборна комисија. За еден глас, за кој се тврдеше дека е украден се направи драма, а одговор за изборната измама во која на стотиците граѓани на кои им беше забрането да гласаат немаше.

Дали тој еден глас ке ја промени фактичката состојба и ќе влијае на севкупниот изборен резултат и распределбата на мандати? Дали стотиците македонски граѓани од дијаспората кои беа избришани од страна на Државната изборна комисија ќе влијаеа на резултатот во 7-ма изборна единица? Одговорите на овие две прашања се лесни како НЕ и ДА.

Апелираме судската власт сериозно да ја сфати својата улога. Да не се дозволи донесување на незаконска одлука. Да не се дозволи прегласуање, формирање на Влада на широка коалиција, промена на Уставот, промена на името и федерализација на Македонија. Не дозволувајте да паднете под притисок. Кризата и онака трае предолго. Потребна е стабилизација. Потребни се сериозни лидери. Потребно е државата да оди напред. Вие сте на потег!, стои во писмото на  македонската заедница во Виндзор Канада.

 
 
21.12.2016 - 11:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега