Рокот за поднесување барања за средства од ИПАРД Програмата 2007-2013 продолжен до 30 септември

 

Рокот за поднесување барање за користење средства од ИПАРД Програмата 2007-2013 е продолжен до 30 септември, објави денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

 Продолжувањето на рокот за доставување на барањата е со цел да се излезе во пресрет на барањата од потенцијалните корисници за подготовка на квалитетни апликации, како и да се овозможи ефикасно искористување средства од Програмата ИПАРД 2007-2013.

Инаку, потребната документација за подготовка и поднесување барања, вклучително и упатства за корисниците на ИПАРД, може да се преземат од интернет страницата на Агенцијата www.ipardpa.gov.mk илиwww.pa.gov.mk, како и лично, во приемницата на Агенцијата, и во нејзините најблиски регионални центри или работни единици, секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот.

 

 

12:46

најчитано сега