Украдени седум милиони динари од комбе на Пошта на Србија во Косово
Тројца вооружени и маскирани лица денеска на север во Косово пресретнале комбе на Пошта на Србија, и од него украле седум милиони динари.
Ограбувачите во маскирни униформи и качулки на главите го пресретнале комбето на патот Звечан-Зубин Поток во местото Девина Вода.
– По грабежот побегнале во блиската шума, изјави регионалниот командир на КПС за север на Косово, Ненад Ѓуриќ. Според белградски медиуми, претпоставките се дека украдените пари биле наменети за исплата на пензии.
15:08