ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ е синоним за мафија
СДСМ е синоним за мафија. Секогаш кога СДСМ ќе ја дограби власта или некоја функција, тоа значи уништување на институциите и деструкција на државата, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Во продолжение следува интегрален текст од соопштението на ВМРО-ДПМНЕ
Тоа го потврди и ЦИА. Шверцот, корупцијата и богатењето на олигарсите на СДСМ, на кои сведок беше секој граѓанин на Република Македонија, сега на увид ги има и меѓународната јавност.
Дури и нивниот Петар Гошев се сомневаше дека СДСМ е подготвен да убива само за да остане на власт и да продолжи со незаконските провизии и криминалот. Самиот Гошев го посочува идеологот на СДСМ, Љубомир Фрчковски како главен диспечер на криминалот со нафта кој имал тарифа од 2.000 до 3.000 евра од вагон.
Тоа е единствениот начин на работење кој во партијата се пренесува од колено на колено.
Затоа Зоран Заев беше аболициран од Црвенковски за криминал тежок 8 милиони евра во случајот Глобал.
Аболицираниот Зоран Заев ја сфати пораката од Црвенковски и продолжи со традицијата. Рекетираше бизнисмени и го надгради системот воведувајќи нова пракса во Струмица каде што СДСМ е на власт по принципот „едно евро за Вицето”.
СДСМ минатата година имаше министри во два ресори и заменици во уште три. Освен скандали и афери, функционерите на СДСМ не реализираа ниту еден проект кој ќе го подобри стандардот на граѓаните.
MВР не реализираше ниту една единствена акција во борба против криминалот и корупцијата. Напротив, генералниот секретар на СДСМ кој беше назначен за технички министер го опкружуваа криминалци, а имаа и редовни средби со неговиот шеф, лидерот на партијата.
Народот на 11-ти декември се спротивстави на коалицијата на СДСМ со криминалот. Одговорност за криминалот ќе има, а заслужената казна ќе следи. Нема да може да помогне ниту Катица Јанева, ниту СЈО.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа