Убиец ѕверски мачи и убива пензионери во Србија

 

Насилник шета по улиците во Србија и напаѓа пенизонери за пари, објавуваат српските медиуми.

Имено, последната жртва е 75-годишниот Имре Пала кој бил пронајден во септичка јама во дворот на куќата каде живеел сам, а за жал бил ѕверски мачен пред смртта.

Убиецот го врзал пензионерот со жица, му ги закачил нозете со тегови, го мачел, го убил со пиштол и го фрлил во септичката јама.

Имре работел во Германија а за време на летото доаѓал во родниот крај.

12:09

најчитано сега