Црна Гора: Фрлена бомба во двор на новинар на „Вијести“
Новинарот на Вијести Туфик Софтиќ синоќа по шест години повторно беше мета на напад откако непознати лица фрлиле експлозивна направа во дворот на семејната куќа лоцирана во Бeране синоќа околу 22 часот, додека новинарот бил дома заедно со своето семејство.
- Целото семејство е вознемирено од експлозијата што беше толку силна. Автомобилот ми бше паркиран на местото каде обично го паркирам, на 5 метри од местото каде ме нападнаа и претепаа и пред шест години, изјави Софтиќ, додавајќи дека неговиот автомобил не е оштетен, поради што инспекторите се сомневаат дека е фрлена шок бомба.
- Што се однесува до мене, jас како и пред нападот константно во „Вијести“ и во „Mонитор“ пишувам за криминалот и криминалците, посочи Софтиќ.
Главниот и одговорен уредник на Вијести исто така се огласи за овој инцидент. Тој посочи дека ова е само уште еден пример за тоа како во Црна Гора не се безбедни оние кои сакаат да бидат професионалци и чесно да работат, и не сакаат да ги затворат очите пред она што се случува.
Инаку, новинарот Туфик Софтиќ тврди дека не добивал никакви закани периодов.
ФОТО: Вијести