Група насилници претепале 19-годишно момче од Тетово

Синоќа десет минути по полноќ, во Тетово бил нападнат 19-годишниот Н.А. од страна на група од 5-6 лица.

 Имено, додека тетовчанецот  се движел по улица, насилниците одзади го фатиле во пределот  на вратот и го собориле на земја. Потоа, насилниците започнале да го удираат по главата и телото, по што избегале.

Оштетениот побарал лекарска помош во Клиничка болница Тетово, каде покрај повредите во вид на отоци и црвенило, констатирана му е расекотина на десното рамо нанесена од остар предмет.

Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителите.

најчитано сега