Изјавата на Рорабакер топ тема во грчките медиуми
Изјава на американски конгресмен фрли искра на односите меѓу Македонија и САД. Ова го пишуваат грчките медиуми кај кои изјавата на конгресменот Дана Рорабакер дека Македонија не е држава и треба да се подели е сеуште топ тема.
Весникот Елефтерос Типос пишува дека изјавите на конгресменот Рорабакер создале голема загриженост кај владата во Скопје, а Министерството за надворешни работи на „БЈРМ“ по дипломатски пат изрази незадоволство и побара од Стејт департментот да ги осуди изјавите.
08.02.2017 - 12:27
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа