Подмладокот на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица започна со подготовка на младинска програма

 

Денес Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ ОК Струмица организираше панел дискусија за потребите и проблемите на младите во општина Струмица. Панел дискусијата вклучи млади луѓе претставници на повеќе категории студенти, спортисти, млади уметници, млади од HBO секторот.

Со панел дискусијата УМС ги започнува консултациите и ја започнува изработката на предлог програмата за настап на партијата на локалните избори.

,,Се разговараше за активностите на младите луѓе, за мерките кои ги нуди ВМРО-ДПМНЕ за подобар стандард на младите но и проектите кои Општината пропушти да ги реализира з   а младите луѓе во Струмица. Генерален заклучок е дека општинската власт од редовите на СДСМ не го користи доволно капацитетот на Општината за да понуди работи со кои младите луѓе ќе бидат задоволни. Проектите и програмите за млади кои ги ветуваше поранешниот градоначалник Зоран Заев и СДСМ останаа само на хартија. Со овие панел-дискусии кои ги организира УМС сакаме да изградиме реална претстава за потребите на младите луѓе во Струмица. Во периодот кој престои ние како млади луѓе ќе понудиме локална програма за млади со конкретни проекти која ќе биде дел од предлог програмата на ВМРО-ДПМНЕ  за локалните избори.” – изјави Претседателот Владимир Ристов.

Претседаседателот Владимир Ристов го повика младите преку учество во активности или преку социјалните мрежи да се приклучат во изработка на програмата со свои идеи и предлози.

Од УМС најавија повеќе активности во кои ќе бидат вклучени младите луѓе во креирање на програмата што партијата ќе ја понуди за претстојните локални избори.

 

 
 
08.02.2017 - 14:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега