ЕК бара брзо да се формира Влада - не гледа проблем во албанската платформа
Европската комисија (ЕК) не гледа проблем во т.н. албанска платформа што ја иницира премиерот на Албанија Еди Рама, давајќи им ја на партиите на Албанците во Македонија и која ги закочи преговорите за составување на нова Влада, јави дописникот на МИА од Брисел.
На прашање за реакција на ЕК за вмешувањето на премиер на соседна држава во внатрешно-политичките односи во Република Македонија со наметнување на решенија кои уште повеќе ја подгреаја политичката криза во земјата, портпаролката на ЕК Маја Коцијанчич со одговор: - „Како што постојано говориме, ние не шпекулираме за составување на владата и програмата во ПЈР Македонија. Но, ние очекуваме, а тоа е случај од одржувањето на изборите, брза формирање на нова влада, која ќе има широка политичка поддршка и која силно ќе биде посветена на европските реформи и на имплементирање на сите делови од договорот од Пржино и на Итните реформски приоритети. Ова е многу јасна позиција и ова е тоа што го очекуваме и кое со нетрпение го очекуваме“, изјави Коцијанчич.
На реакцијата дали официјален Брисел поддржува вмешување на странски премиери во внатрешни работи на друга држава, Коцијанчич ја повтори истата изјава и заедно со главниот портпарол на Еврокомисијата, Маргаритис Схинас, констатираа дека „се е кристално јасно“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа