Струмица уште еднаш покажа дека знае да направи карневал

 

Во Струмица синоќа се одржа главното карневалско дефиле на кое низ улиците до градскиот плоштад продефилираа околу 1.100 учесници од Македонија, Албанија, Србија, Црна Гора, Бугарија, Русија и Аруба.

Организаторите на традиционалниот Струмички карневал оценуваат дека и годинашното издание поминало според планираното. 

 

Годинава за принц и принцеза беа избрани брачниот пар Александар и Соња Ташеви кои ја предводеа главната карневалска поворка. 

Денеска на плоштадот во Струмица се одржа и детскиот карневал каде најмладите ги покажаа своите креации со ликовите од цртаните филмови. 

 Утре, кога е чист понеделник, на градскиот плоштад ќе биде послужен бел грав. Претпладнето ќе бидат објавени најдобрите маски, а вечерта ќе биде отворена изложбата на карикатури и афоризми, учесници на 18. Меѓународен фестивал на карикатура и афоризам. Во вторник ќе бидат доделени наградите од Интернационалната карневалски вечер и тримерската карневалска забава. 

Карневалските денови во Струмица завршуваат в среда со одбележување на празникот Тримери

 

 

 

26.02.2017 - 14:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега