КУРИР: Заев договорил Србите да бидат обвинети за геноцид

Дел од коалицискиот договор помеѓу СДСМ и ДУИ бил и донесување на одлука со која ќе се прогласи сторен геноцид врз Албанците во Македонија, кој наводно се направил помеѓу двете светски војни, пишува Курир.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев кога ова го образложувал пред присутните членови на Централниот одбор на партијата, истовремено напоменал дека тоа не е толку опасно за Македонците, бидејки вината ќе паднела кај Србите, кои управувале со власта во тој период.

Ова било одбиено кај дел од присутните, и притоа крајниот договор за коалицирање со ДУИ не поминал едногласно, пред се поради противењето за одредени штетни решенија.

Дел од пакетот на договореното, било во втора фаза да се разговара и за промена на химната, грбот и знамето, како и воведување на двојазични банкноти.

Заев кога зборувл за геноцидот врз Албанците, додал дека ако не биле убивани Албанците, тие ќе си биле побројни и повторно нагласил дека се конститутивен народ.

 

 

 

26.02.2017 - 16:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега