УХМР со лоши вести за времето за оваа недела

Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност и слаб јужен ветер. Утринската температура ќе се движи од минус два до пет, а дневната од седум до 16 степени.

Во Скопје слично време, сончево со умерена облачност, утринската температура ќе биде нула, а дневната ќе се искачи на 16 степени.

Во следните два дена ќе преовладува стабилно време со пораст на дневната  температура на воздухот. Во среда се очекува брз продор на влажна и постудена воздушна маса од север, кој ќе предизвика локални врнежи од дожд, а на повисоките планини снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен, а попладне од северозападен правец. Дневната температура ќе опадне за неколку степени.

До крајот на неделата се очекува стабилно и потопло време.

 

 

 

 

27.02.2017 - 08:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега