Журнал: Закани од СДСМ кон членството да не присуствуваат на протестите за Македонија

 

После вчерашното присуство на голем број членови и симпатизери на СДСМ на собирот на граѓанската иницијатива за Заедничка Македонија во главниот град, уште синоќа во сите скопски ограноци на СДСМ стигнало наредба од Заев најитно да бидат исконтактирани сите членови на СДСМ кои биле на собирот на граѓанската иницијатива и да им биде кажано дека имаат добиено жолт картон за нивното присуство и дека следно појавување на такви собири ќе значи добивање на црвен картон и казна за секој што нема да ја почитува наредбата на партијата, пишува Журнал.

Како што велат членови на СДСМ, во наредбата било побарано да бидат исконтактирани сите членови на партијата и да им биде укажано дека раководството забранува да присуствуваат на овие собири кои биле на штета на претседателот Заев и партијата.

Истата наредба од седиштето на Бихачка утрово стигнала и до партиските ограноци во Кичево, Прилеп, Штип и Битола, каде вечер како што изјавија од граѓанската иницијатива за Заедничка Македонија исто така ќе се одржуваат собири како во Скопје.

За дел од членовите на СДСМ кои утрово биле контактирани од локалните раководства на партијата овие закани претставуваат загрижувачка појава во која се наоѓа партијата и видно разочарани од таквиот однос на партискиот врв коментираат дека ваквите закани само дополнително ги стимулираат да излезат на граѓанските собири кои имаат за цел праќање на јасен сигнал за патриотското чувство на Македонците.

Велејќи дека најнапред се Македонци, а потоа членови на СДСМ, тие сметаат дека СДСМ никогаш досега не била на пониско ниво од ова што е сега и дека не можат да си ја препознаат партијата во која со години работеле. Ваквите закани од партискиот врв, велат тие, се доказ дека раководството не се бори за демократија туку за диктатура и дека никој нема право да им кажува како тие треба да размислуваат за сопствената држава.

 

 

 

28.02.2017 - 12:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега