Голем пожар во Велес - го гаснеше цело маало и 10 пожарникари

Силен пожар доцна синоќа избувнал во домот на едно семејство во велешкото маало Којник, на улицата „Кузман Јосифовски-Питу“  бр. 29 . Како што пренесе Телеграф, куќата на брачниот пар А.М. и И.М. се запалила, при што изгорела кровната конструкција, а огнот со кој се бореле и соседите и пожарникарите, зафатил и две соседни куќи.

- Околу 18 часот и 30 минути  забележавме пламен кај соседите. А.М. беше сам дома, во приземјето, тој и не сетил дека гори покривот. Некој од комшиите му кажал па истрчал. И сами гледате дека соседите се тие што го гаснат огнот од едната страна, изјавила соседка за Телеграф.

Противпожарното возило имало потешкотии за пристап од паркираните возила, а со огнот се бореле две возила и десетина пожарникари.

 

 

 

03.03.2017 - 08:48
Фото: 
ТЕЛЕГРАФ.МК

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега