ОБСЕ: Да продолжи динамиката на имплементација на Охридскиот рамковен договор

 

Мисијата на ОБСЕ во Скопје денеска го чествува Охридскиот рамковен договор, кој беше потпишан на 13. август 2001. Со рамковниот договор се стави крај на вооружениот конфликт, а сите етнички заедници добија еднакви права и рамноправна застапеност.

- Тогаш, тоа беше победа на разумот и дијалогот наспроти конфликтот. Денеска е важен патоказ кој го обележува суштинскиот процес на интеграција на општеството и градењето вистинска мултиетничка и модерна држава, вели амбасадорката МАриане Берец, вршителот на должност шеф на мисијата.

Според неа, активното вклучување на сите ќе овозмочи да се задржи динамиката на спроведувањето на Охридскиот договор.

-Внимателно треба да се следи досега постигнатиот напредок, како и пречките кои допрва треба да бидат надминати. Затоа Мисијата на ОБСЕ во Скопје ги поздравува и поддржува првичните чекори кои беа преземени минатата година во насока на проценка на напредокот на имплементацијата на Охридскиот рамковен договор и со нетрпение ја очекува следната фази. Оваа заложба несомнено само ќе добие од поголемата вклученост на сите заедници. Се надеваме дека тоа ќе резултира со остварливи политики кои ќе бидат во насока на мултикултурниот дух на овој договор, вели Берец.

Вишиот координатор за односи меѓу заедниците во Мисијата на ОБСЕ, Ари ван дер Пас, упати апел до сите заедници да обезбедат здрава основа за имплементацијата на Охридскиот договор.

- Ние би сакале да ја повториме нашата целосна поддршка за спроведување на овој клучен процес кој оваа земја и луѓето кои живеат тука го започнаа пред 12 години, вели Ари ван дер Пас.

Тој смета дека младите генерации треба да се подготват за интегрирана иднина во мултиетничка Европа.

- Ако децата научат за богатството кое го нуди различноста и научат меѓусебно да се почитуваат, придобивките од Охридскиот договор ќе бидат зацементирани, вели Ари ван дер Пас.

најчитано сега