Убиен уште еден Албанец во Сирија
Уште еден Албанец од Балканот е убиен во борбите во Сирија против силите на претседателот Башар ал Асад, јави МИА.
Откако завчера беше потврдено убиството на 38-годишниот Имер Ниметула, алијас Абу Зијат од скопското село Грчец, албанските медиуми денеска јавија за смртта на 31-годишниот Халил Малиќај од селото Пруш, кај Тирана.
Веста за смртта на Малиќај семејството ја добило од анонимен телефонски повик, во кој машки глас се претставил како другар на убиениот.
Од ноември минатата година, кога во борбите во Сирија беше убиен првиот Албанец, Наман Демоли, од Приштина, до сега во оваа блискоисточна земја животите ги загубија најмалку дваесетина Албанци.
Инаку, Албанецот животот го загубил во експлозија.
12:36