Милошоски: Прашањето не е зошто ВМРО-ДПМНЕ ја одбиле, туку зошто СДСМ ја прифатиле платформата и што содржи
Платформата не е прифатена од страна на ВМРО-ДПМНЕ затоа не била ни тема и не е сега прашањето за што ВМРО ја одбила таа платформа, туку прашањето е зошто СДСМ ја прифатило таа платформа, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски во своето вечерашно гостување во Топ Тема на Телма.
-Ние можеме да зборуваме затоа што претседателот на СДСМ Зоран Заев вели: „Јас имам позитивно мислење за таа платформа“ и затоа има во јавноста револт затоа што после изборите се случува платформа и програма за која граѓаните не знаат и не знаат што е договорено. Да сме се договореле ние за што и да е, ние ќе сме излегле пред граѓаните и ќе кажемвме за ова постигнавме договор, но бидејќи немаме договор и немаме разговори за коалиција, СДСМ има постигнато договор за коалиција. Чесно е на граѓаните да им се каже што содржи тој договор, дали ќе имаме бинационална држава или граѓанско општество, дали ќе имаме двојазична полиција или еден јазик, дали ќе имаме печатени пари на два јазици или на еден, дали имаме разговори за геноцид или немаме, рече Милошоски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа