Претреси и апсење вечерва во Битола - полицијата има осомничени за нападот со молотови коктели

МВР изврши претрес на две локации и на распит повика две лица за кои се сомнева дека се напаѓачите на Музејот на албанската азбука во Битола. На шишињата од молотовите коктели се најдени отисоци од прсти од засега неидентификувано лице.

- Крим-техника со форензички методи пронајде профил на ДНК од неидентификувано машко лице. Истражени се и папиларните линии од послаб квалитет. Полицијата има и други осомничени кои во текот на денот ќе бидат повикани на разговор – изјави министерот за внатрешни работи Агим Нухиу.

Тој нагласи дека од денеска полицијата ќе ги засили патролите околу Музејот на азбуката, џамиите и други објекти кои беа цел на напади при политички кризи.

 

Според полицијата, Музејот на азбуката бил нападнат со молотови коктели, а на ѕидовите бил испишано „Смрт за шиптарите“ и нацртани фашистички симболи. Нападот го осудија државни институции и политичките партии.

 

 

 

08.03.2017 - 20:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега