Тодоров: Поразот на изборите ги тера СДСМ само да даваат, а ДУИ само да добива
Договорот меѓу СДСМ е асиметричен, договор каде што СДСМ само дава, а ДУИ само добива, а причина за тоа е поразот на СДСМ на изборите, изјави Никола Тодоров во гостувањето во Топ Тема на Телма телевизија.
-Во едни разговори и двете страни имаат свои позиции, во тие разговори ДУИ имаа свои барања, ни имавме наши барања и нашиот договор со ДУИ, доколку го постигневме, ќе беше симетричен договор, договор во кој што и двете страни ќе имаат подеднакви права и обврски. Ова што сега го гледаме помеѓу СДСМ и ДУИ е асиметричен договор, договор во кој што СДСМ само дава, а ДУИ само добива, тоа е така затоа што СДСМ овие избори ги изгуби, изјави Тодоров.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа