Несреќа во Пинтија: Работник тешко повреден по пад од скеле

58-годишниот Т.А. вработен во фирма за монтирање челична конструкција, поставувајќи скеле, паднал од два метра висина и здобил тешки телесни повреди, соопшти полицијата.

Настанот се случил вчера, во 9 часот и 44 минути во скопската населба Пинтија.

Повредениот е пренесен во Ургентен центар Скопје каде му е укажана лекарска помош и е задржан на натамошно лекување. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. 

 

 

 

09.03.2017 - 13:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега