Една година затвор за возачот кој ја предизвика сообраќајката во која загина Петар Милошевски

Една година затвор доби 65-годишниот Живко Бојковски од Куманово кој ја предизвика страшната сообраќајна несреќа во која загина директорот на македoнската фудбалска репрезентација и поранешен голман Петар Милошевски.

Кобната несреќа се случи на 13 март 2014 година  во 23 часот и 15 минути кога со службеното возило на ФФМ, кое го управувал претседателот на ФФМ Илчо Ѓорѓиоски, се враќале од еден кумановски ресторан, каде биле на вечера по одржување на хуманитарен фудбалски натпревар за помош на болно детенце, при што кај клучката во населбата Карпош дошло до судир и возилото се превртело.

Милошевски почина на лице место. 

На вчерашното рочиште Бојковски, кој од Кумановскиот суд е прогласен виновен за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот со смртни последици извршени од небрежност.

 

 

 

09.03.2017 - 14:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега