Од Кавадарци испратена порака ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА

Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ и вечерва одржа протестен марш во Кавадарци против прифаќањето на „тиранската платформа“.

За прв пат после повеќедневните мирни протести, вечерва револтот кон платформата освен со македонски знамиња, беше изразен и со изведба на македонски револуционерни, патриотски песни во живо.

Пред присутните на градскиот плоштад кои маршираа од пред новоизградената црква „Света Петка” во новиот центар на Кавадарци преку улицата „Илинденска” во кавадаречкото централно градско подрачје, настапија академскиот музичар Стеван Волчев на хармоника и солистот Ангел Тотов, повеќедецениски исполнител на македонски песни во земјава и странство.

Учесниците на протестот испратија  порака за заедничка Македонија.

 

 

 

15.03.2017 - 19:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега