Кумановци вечерва се приклучија на маршот во организација на иницијативата „За заедничка Македонија“
Кумановци вечерва се приклучија на маршот во организација на иницијативата „За заедничка Македонија“ и ги повторија пораките за зачувување на унитарниот карактер на државата и против двојазичноста, промена на Уставот и отфрлање на тиранската платформа.
Тие се собраа на булеварот „Октомвриска револуција“ и продолжија кон централно градско подрачје, а маршот, како и претходните денови, заврши пред Центарот за култура каде се обрати Тони Чатлоски, кој рече дека секој ден се повеќе граѓани од различни возрасти се приклучуваат кон одбраната на татковината и идентитетот.
- Ние не сакаме ништо што е туѓо. Се бориме да го сочуваме она што е наше и ќе се избориме, рече Чатлоски, додавајќи дека народот ќе ја сочува државата бидејќи од ден на ден има се повеќе граѓани.
Протестен марш е најавен и за утре од пред старата црква во Куманово.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа