БЕСА тактизира - без Касами Заев останува без мнозинство во Собранието
Претседателот на ДР-ПА, Зијадин Села ги отстрани нејасностите потврдувајќи за ТВ21 дека Алијансата за Албанците ќе биде дел од коалицијата за реформи со СДСМ. Тој рече дека ќе му даде поддршка на Зоран Заев да стане премиер на реформска влада.
Коалицијата со СДСМ вчера за прв пат јасно ја официјализираше лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Ахмети додаде дека очекува претседателот Иванов да одговори по барањата од меѓународната заедница и да му го даде мандатот на неговиот коалициски партнер Зоран Заев, за да можат заедно да формираат влада.
Движење Беса засега останува на ставот дека за учество во влада, ќе дискутира само тогаш кога ќе има мандатар и конкретна понуда за заедничко владеење. ВМРО-ДПМНЕ денеска не ги коментираа изјавите на Ахмети и Села за новата коалиција.
Од ВМРО-ДПМНЕ и денеска повторија дека се залага за нови парламентарни избори, заедно со локалните.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа