ВМРО-ДПМНЕ: Молкот на СДСМ значи одобрување на тиранската платформа

 

Молкот на СДСМ, по вчерашните изјави во Собранието, значи одобрување на тиранската платформа и согласност со сите нејзини точки само за да се зграпчи власта, а ВМРО-ДПМНЕ јасно ја осуди и отфрли и кажа дека не се согласува со нејзината содржина.

Ова во соопштение го порачува ВМРО-ДПМНЕ и нагласува дека тиранската платформа која ја прифати СДСМ во себе содржи неуставни елементи, чие реализирање ќе го поткопа уставниот поредок и целосно ќе ја редефинира Република Македонија.

- Собраниското мнозинство вчера и официјално ја внесе тиранската платформа во Собранието и ја најави намерата во целост да ја реализира. Целата македонска јавност имаше можност да слушне што предвидува и тоа директно од собраниска говорница, а Зијадин Села вчера во Собрание го прогласи за геноциден македонскиот народ, потсетуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Нагласуваат дека Патоказот што го понуди ВМРО-ДПМНЕ е добра основа за постигнување консензус околу излез од политичката криза и додаваат дека ја разбира загриженоста која стотици илјади граѓани секојдневно ја покажуваат низ целата земја.

- Граѓаните се чувствуваат изиграни и загрозени, бидејќи СДСМ под превезот „За живот“ им донесе двојазичност и федерализација. СДСМ исто како и ВМРО-ДПМНЕ треба да ја осуди и отфрли Тиранската Платформа или доколку смета дека таа е добра за државата да излезе со неа на избори како своја изборна програма, па да види што мислат граѓаните, се порачува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

30.03.2017 - 09:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега