Експлозија ја стресе Црна Гора

 

Во експлозија во црногорскиот приморски град Котор оштетени се седум автомобили, соопшти весникот „Вијести“ на својата интернет страница.

Во которската населба Доброта била фрлена експлозивна направа, а полицијата соопшти дека се оштетени седум автомобили. Направата била фрлена на „Крива“ улица, на паркингот пред куќата на семејството Вуковиќ.

Оштетени се пет автомобили со странски регистерски таблички, една камп приколка, како и два „мерцедеса“ со подгорички таблички.

За среќа нема жртви во инцидентот.

ФОТО: Нетпрес

 

13:45

најчитано сега