Гостивар: Татко си го застрелал својот син

Триесет и тригодишен гостиварец завршил во болница со прострелна рана, откако неговиот татко пукал во него и го ранил во рака.

Настанот се случил вчера претпладне во куќа на улицата „205“ во Гостивар.

Според СВР Тетово, помеѓу таткото А.С. (57) и синот Б.С. дошло до вербална расправија во семејната куќа. Синот го нападнал, удирајќи го по телото и главата и упатил закани дека ќе го убие, но бил спречен од неговиот брат и истуркан во дворот.

Набрзо потоа, Б.С зел секира и почнал да удира во вратата од куќата. Таткото извадил пиштол што го поседувал без дозвола и испукал еден куршум кон синот и го ранил во левата подлактица.

Повредениот бил пренесен во гостиварската болница, каде што му е укажана лекарска помош и потоа е приведен во полициска станица. Осомничениот за пукањето, набрзо по пријавувањето е лишен од слобода.

 

На синот му е земена парафинска ракавица, а оружјето со кое најверојатно е пукано е пронајдено и предадено на вештачење. Полициска екипа, по овластување на јавен обвинител, извршила увид на местото и се работи на утврдување на деталите и расчистување на настанот

 

 

 

25.04.2017 - 10:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега