Повредени двајца моторциклисти на Голак

 Двајца моторциклисти се здобиле со тешки телесни повреди во сообраќајна незгода која се случила вчера на некатегоризиран пат на планината Голак.

МВР соопшти дека едниот теренски моторцикл бил управуван од Н.К.(26) од Делчево, а вториот моторцикл управуван од С.Г. (29) од с.Звегор - делчевско, при што моторциклот кој го управувал Н.К. се запалил и изгорел.

Во незгодата двете лица се здобиле со тешки телесни повреди, Н.К. со повреди на градниот кош и главата, додека С.Г. со фрактури на левата бутна коска и левата рака, како и повреди на главата. Лицата се пренесени во ЈЗУ-Делчево, од каде по укажаната лекарска помош се префрлени во Медицинскиот центар-Штип.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица-Делчево. Се работи на целосно расчистување на случајот

 

 

 

01.05.2017 - 14:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега