Охриѓанец остана без своите пари

Тешка кражба се случила вчера во Охрид. Според информациите на МВР, вчера  околу 17.00 часот вополициската станица во Охрид, Г.М. (31) од Охрид пријавил дека во периодот од 19.00 часот на 01.05.2017 година до 15.00 часот на 02.05.2017 година непознат сторител извршил тешка кражба во неговиот дом. Сторителот влегол внатре и одзел поголема количина на златен накит и околу 9. 000 евра. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

03.05.2017 - 12:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега