Грчката Влада реши да се одмори пред донесувањето важни одлуки

 

Грчката Влада вчера и денеска одмара, но премиерот Андонис Самарас и неговите клучни министри активно се подготвуваат за враќање на работа со полна пареа, и на почетокот од следната седмица на агенда се економските реформи кои мора да продолжат да се спроведуваат.

Владејачката коалиција исто така веднаш мора да најде начин како да ги надмине внатрешните несогласувања околу плановите за нови мерки на штедење.

Според владини извори, Самарас се фокусира на три клучни области: исполнување, колку што е можно повеќе, на обврските кон тројката меѓународни кредитори, подобрување на меѓународниот имиџ на земјата и спречување на внатрешното разидување во кревката Влада, особено во пресрет на изборите закажани за 22 септември во Германија, која има најголем удел во спасувачките пакети за Грција, во замена за тешките мерки за фискално прилагодување.

Провладиниот весник „Катимерини“ коментира дека откако ќе се врати во канцеларија наредната седмица, Самарас веројатно ќе бара рамнотежата меѓу продолжување со тешките реформи и приговорите од коалициските пратеници за плановите за нови болни мерки, како што се иницијативата за одземање имот на неплаќачите на данок, што предизвика остри негодувања од страна на многу истакнати пратеници од неговата конзервативна Нова демократија.

Сепак, моментално најголема загриженост предизвикуваат реформите во здравството и о.бразованието, како и реконструкцијата на пошироката државна служба. Владата на Самарас мора да биде во позиција следниот месец да и покаже на тројката дека напредува трансфер.

ФОТО: Денешен

16:27

најчитано сега