Тече рокот за составување Влада - зафатени речиси сите министерски фотелји

Тече рокот за составување на новата Влада. Мандатарот Зоран Заев до шести јуни треба да објави во јавноста дали успеал да ја созаде новата Влада, а дотогаш треба да испрати во Собранието предлог со имињата на министрите  кои би требало да седнат во владините фотелји.

Заев деновиве најави дека нема да чека до крајниот рок, туку дека ќе побрза да состави Влада, пред се за евроатлантските перспективи на Македонија. 

Меѓу имињата што се вртат како идни министри фигурираат познати лица од СДСМ и од ДУИ, како Шекеринска, Спасовски, Арифи, Тевдовски, Ременски, Меџити, Николовски...пишува Телеграф. Шекеринска најверојатно ќе биде вицепремиер за евроинтеграции, Теута Арифи министер за одбрана, Драган Тевдовски за финансии, Оливер Спасовски во МВР, Изет Меџити за спроведување на Рамковниот договор или локална самоуправа, Љупчо Николовски за земјоделство, Фросина Ременски за труд и социјала, Никола Димитров за надворешни работи.

Засега не се знае само дали Беса ќе биде дел од новата Влада, бидејќи за неа најважно е спроведувањето на Тиранската платформа.

 

 

 

 

 

 

26.05.2017 - 08:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега