Отишла на гости, па и го украла новчаникот и подигнала пари од банкомат - кражба во Кратово

Полициската станица во Кратово поднесе поднесе кривична пријава против 40 -годишниот Х.М.  од Кратово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. На 05.05.2017 година, додека пријавената била на гости во домот кај Ј.Е. во Кратово, во згодна прилика, од собата одзела паричник со лични документи и картички на име на Ј.Е. и Д.Е. Пријавената неовластено употребила една од картичките и на 06.05 и 07.05.2017 година од банкомат неовластено извршила две трансакции во вкупна вредност од 40.000 денари.

 

 

 

30.05.2017 - 15:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега