Од играчка-плачка: Кичевчанец се повредил со петарда
Вчера во период околу 21 часот, на улицата „Солунска„ во Кичево, 64-годишниот M.A. во сопствениот дом се повредил во пределот на десната рака од петарда со поголем фитил.
На кичевчанецот веднаш му била укажана лекарска помош во Медицински центар-Кичево. Поради поголемо крварење тој бил пренесен на лекување во Ургентниот центар во Скопје.
Во тек се мерки за расчистување на случајот.
19.08.2013 - 12:42
Фото:
Нова Македонија