Кривична за трговско друштво од Скопје кое не платило 90 илјади евра царина

 

Царинската управа откри измама на трговско друштво од Скопје кое е носител на лиценца за производство на топлинска и електрична енергија.

Трговското друштво избегнало плаќање 5,5 милиони денари или околу 90 илјади евра царински давачки при увоз на 1.264.102 нормални метри кубни или 42.923 тера џули природен гас (метан) вреден 530 илјади американски долари. Трговското друштво го реализирало увозот без воопшто да поднесе царински декларации. 

Против трговското друштво ќе биде поднесена соодветна пријава.

19.08.2013 - 13:36
Фото: 
Плусинфо

најчитано сега