Чешка ја зголеми безбедноста на железниците поради опасност од терористички напади

 

Чешка денеска превзема мерки за зголемување на безбедноста на железниците, по најавата на германскиот весник „Билд“ дека Ал Каеда планира напади врз европската мрежа за брза железница.

„Чешки железници“ не прецизираат какви конкретни мерки се преземаат, со образложение дека доколку се објават нема да бидат ефективни. 

Инаку, како што пренесе Билд, на европската железница и се закануваат саботажи и поставување експлозив од страна на членови на терористичката мрежа Ал Каеда.

 

19.08.2013 - 14:29

најчитано сега