Хрватските земјоделци ги доставија барањата до Владата

 

Претставниците на хрватските земјоделци, кои речиси две недели протестираат блокирајќи ги патиштата, денеска ги предоадоа своите барања до Владата и премиерот Зоран Миловановиќ.

Тие му дадоа рок од 24 часа на премиерот да ги прими и се заканија дека ако нема средба ќе се обратат до институциите во Брисел за да ги заштитат своите права.

Хрватските земјоделци бараат и оставка на министерот за земјоделство Твртко Јаковина, бидејќи, како што тврдат, нетранспарентно ги делел субвенциите. Тие бараат и исплата на заостанатите субвениции. 

19.08.2013 - 15:11
Фото: 
Лидер.мк

најчитано сега