Грчкиот остров Санторини повеќе не е во мрак
Грчката државна електрокомпанија ДЕИ денеска соопшти дека е обновено снабдувањето со електрична енрегија на територијата на целиот остров Санторини откако поради дефект цела недела немаше струја.
Вчера заврши инсталирањето на 30 генератори, префрлени на островот Санторини, и сега се обезбедени вкупно 40 мегавати за покривање на потребите на островот, што е за девет мегавати повеќе отколку пред хаваријата, се посочува во соопштението на ДЕИ.
Пожар, што избувна на 13 август во електростаницата во главниот град на островот, Фира, уништи голем дел од опремата и островот 24 часа беше во темница.
Компанијата засега не соопшти кои се причините за пожарот.
19.08.2013 - 16:40