Џонсон Контролс бара работници во Македонија
Фабриката на Џонсон Контролс во индустриската зона во Штип објави оглас за слободно рабтно место. Компанијата бара менаџер кој ќе биде одговорен за материјалните набавки во компанијата. Се бара лице со универзитетска диплома од областа логистика, набавки или надворешна трговија. Потребно е најмалку 2 години работно искуство на позицијата менаџер на набавки а ќе се преферираат лица кои работеле во автомобилската индустрија. Задолжително е напредно познавање на англискиот јазик, а како предност ќе се смета и германскиот јазик.
Доколку сте заинтересирани за оваа позиција, следете го овој линк
19.08.2013 - 23:07