Претепан ученик во училиште во Велес - поради сериозноста на повредата препратен во Скопје

 


Вчера во Полициската станица Велес било пријавено дека во oпштинско основно училиште во Велес, малолетник физички нападнал друг малолетник, негов соученик. 

Нападнатиот малолетникот бил однесен во болницата во Велес, по што,  поради сериозноста на повредата бил препратен во Комплексот клиники ,,Мајка Тереза'' во Скопје.

За настанот известен бил јавен обвинител и Центар за социјални работи Велес.

21.11.2024 - 16:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега