Маж во фаза на распаѓање најден во стан во Скопје
Триесетина минути по полноќ во ЕИК-Скопје, Т.Ч. пријавил дека на улицата „Архитект Никола Добровиќ“, во станот на нивниот сосед кој живеел сам, се ширела непријатна миризба. Поради тоа соседите се посомневале дека тој бил починат и повикале полиција.
Влезната врата била отворена со бравар, а на местото на настанот бил повикан и неговиот брат. Бил утврден идентитетот на лицето, и се работи за 61-годишниот К.А. чие тело било во фаза на распаѓање.
По наредба на Јавен Обвинител телото на починатиот било предадено на институтот за Судска Медицина за обдукција.
05.07.2017 - 12:13
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа