Македонската полиција на нозе: Исчезна мајка со две мали деца

50-годишната А.Ќ. од Велес како старател на нејзиниот 14- годишен внук пријавила дека на први месецов околу 21 часот и 30 минути, тој и се јавил на телефон и и рекол дека за кратко време ќе дојде дома, но се до моментот на пријавување не се вратил. 

Исто така, полицијата добила пријава и за исчезната жена.

38-годишниот Г.Б.  од Чаир се јавил во полиција и пријавил дека на 03 месецов околу 10 часот и 30 минути од домот во непознат правец се оддалечила неговата сопруга. Се работи за 27-годишната С.Р. која ја снемало заедно со нивните две малолетни деца на возраст од една и три години.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата. 

 

 

 

05.07.2017 - 12:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега