Немирна ноќ во Скопје: Синоќа две вооружени драми

 

Немирна ноќ во Скопје, вчера во две аптеки на Зегин маскирани насилници со пиштоли влегле и го зеле прометот, а за среќа повредени нема.

Полицијата денеска информира дека во првиот случај во 20 часот и 20 минути во Скопје,на булеварот „Крсте Мисирков“ во аптека на „Зегин“ од страна на непознато машко лице со закана со пиштол одземен е дневниот промет.

Потоа, во 20 часот и 40 минути во Скопје, на улицата „Козле“, во аптека на „Зегин“ од страна на непознато машко лице со закана со пиштол исто така бил одземен дневниот промет.

Полицијата работи на откривање на сторителите.

 

 

 

08.07.2017 - 11:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега