Тројца осомничени за хеликоптерската несреќа кај Струмица

Три лица се осомничени дека се одговорни за хеликоптерската несреќа во Струмица во која загинаа четири пилоти на Министерството за внатрешни. ОЈО твори истрага бидејќи се сомнева дека имаат одговорност за уривањето на хеликоптерот МИ-7 во непосредна близина на кванташки во Струмица во која загинаа пилотите Драги Мицев, Иљо Лопатички, Марјан Трајковиќ и Тоде Орешков.

Обвинителството тврди дека има обезбедено бројни докази од лице место на несреќата, извештај за антенскиот столб на Македонската радиодифузија во кој удри хеликоптерот на МВР, остатоците од леталото, изјави од очевидци со аудио и видео снимки, но и од контролорите на летањето вработени во МВР.

 

 

 

10.07.2017 - 16:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега