Македонка настрада од заталкан куршум

На 15.07.2017 година околу 18,00 часот од Клинички Центар-Тетово било пријавено дека е донесено  повредено лице со прострелна рана од заталкан куршум од  огнено оружје во десно рамо.

Имено, околу 16,00 часот во дворот на 50-годишниот Т.И.  во  с.Сараќино, додека 60-годишната П.З од с.Сараќино, работела заедно со мајката на Т.И. во еден момент почувствувала болка во десното рамо, без претходно да слушне истрели од огнено оружје.

На П.З  и е укажана лекарска помош и проектилот од огнено оружје кој е изваден од страна на докторoт, е обезбеден за вештачење.

Увид извршила екипа од СВР-Тетово и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.  

 

 

 

16.07.2017 - 11:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега