Работната група за измена на Изборниот законик ги дефинираше обврски

 Работната група за измена на Изборниот законик, по заклучок на Управувачкиот комитет за изборни реформи, денеска одржа состанок на кој се расправаше за утврдување на динамиката за работа на работната група, како и за исполнување на препораките на ОБСЕ/ОДИХР.

Работната група ќе одржува состаноци еднаш неделно, согласно  заклучокот на Управувачкиот комитет, според кој до крајот на јуни 2013 година потребно е да се реализираат итните активности, а до крајот на септември и краткорочните активности, стои во соопштението од Министерството за правда.

Исто така Работната група заклучи дека е потребно да се разгледаат и новите препораки на ОБСЕ/ОДИХР кои дополнително ќе бидат доставени и да бидат составен дел на препораките.

ФОТО: pravda.gov.mk

најчитано сега