Провалиле во куќа во Прилеп и оттаму си заминале богати

 

Прилепчаните А.А.(26) и И.С.(23) си заработиле кривични пријави откако ноќта меѓу 18ти и 19ти август опустошиле куќа во Прилеп.

Од полицијата информираат дека двајцата млади натрапници викендов провалиле во куќа во Прилеп и оттаму си заминале со златен накит и рачни часовници вредни околу 200.000 денари.

Полицијата ги пронашла украдените предмети и ги предала на ОЈО Прилеп. 

21.08.2013 - 11:20

најчитано сега