Косовски државјани ограбени за време на Суперкупот

Вчера во 14 часот, 27-годишниот Е.Х. од Република Косово пријавил дека на 08.08.2017 година во 20часот и 10 минути, додека бил на Арената „Филип Втори Македонски“,  непознат сторител извршил кражба врз него. Сторителот искористил згодна прилика и му одзел  паричник во кој имало седум кредитни картички, возачка дозвола, сим картичка со англиски број и 1.625 евра. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот. 

Вчера по полноќ во Полициската станица Центар, 39-годишниот Љ.М. од Република Косово  пријавил дека на 08.08.2017 година околу 19:00 часот, додека чекал да влезе во Националната арена „Филип Втори“, непознат сторител извршил кражба врз него. Сторителот искористил прилика и му одзел паричник во кој имал кредитна картица, дозвола за оружје, лична карта и возачка дозвола. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот. 

 

 

 

10.08.2017 - 14:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега